Овогодинешните награди за најдоброто од туризмот „Травел“ го поставија луксузното островско одморалиште „Nihiwatu“ на врвот на листата, како најдобар хотел во светот за 2016 година.
Сместен на островот Сумба, Индонезија, одморалиштето има 28 вили, секоја со приватен базен и изглед на колиба.
Гостите имаат целодневен пристап до спа, центар за јавање коњи, сурфање и ресторан на плажа што служи здрава храна подготвена на традиционален начин.
Цената за еднодневен престој во вилите е 12.000 долари. Погледнете како изгледа ова прекрасно место.