Рај за уши: Џош Стоун и Каролина Гочева ја пеат „Кој да ми запее“ (видео)

Џош Стоун неодамна настапи на скопскиот Џез фестивал, а својот престој во нашиот град го искористи и за средба со Каролина Гочева.

Пејачката каде и да оди одбира една позната пејачка од земјата и пее песна заедно со неа на нејзиниот мајчин јазик

Во Македонија тоа беше Каролина со која ја изведоа „Кој да ми запее“.

Во видеото снимено во градскиот парк, нивната изведба ќе ве наежи!