Холивудскиот актер Рајан Гослинг е новиот кандидат за улогата на Џејмс Бонд.
Сето ова се случи поради еден момент кој повеќето едвај го забележаа, но очигледно дека стигнал до вистинските луѓе.
Додека сите беа шокирани и збунети од забуната која настана околу прогласувањето на најдобар филм, Гослинг слатко и дискретно се насмеа.
Оваа сцена ја забележале сценаристите на легендарниот Џејмс Бонд, па сега неговите шанси да ја добие оваа улога се зголемени.
“Рајан Гослинг покажа восхитувачка смисла за хумор и неговиот карактер и изглед се вредни за улогата на Џејмс Бонд”, изјави Руперт Адамс, портпаролот на сценаристите на Бонд.