Џастин Бибер повторно на филм.
Овој пат во улога на млад фудбалер од Лос Анџелес кој доаѓа да игра за Реал Мадрид.
Покрај Џастин Бибер наводно во остварувањето „Голови“ ќе се појави и ѕвездата од тимот од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, а можеби и некој друг познат фудбалер, како Дејвид Бекам.
Гласините тврдат дека улогата на дедото на Џастин Бибер требало да му припадне на Клинт Иствуд.
Познато е дека Бибер е огромен фан на фудбалот, а тој сега ќе има прилика и да игра фудбал со големите имиња на спортот.
Премиерата на остварување во кој глуми Џастин Бибер ќе биде наредната година.