Нивниот брак заврши пред две години, но Џенифер Лопез и Марк Ентони сеуште имаат голема љубов и почит еден за друг.
Ова го потврди изненадувањето кое пејачката го направи за екс сопругот појавувајќи се на сцената за време на неговиот концерт во Њујорк.
Во тесна црна тоалета Џеј Ло се појави на сцената каде со Марк Ентони ја испеаа нивната дуетска песна „No me ames“.
По ова појавување на пејачката само неколку дена по раскунувањето со Каспер Смарт, во светските медиуми почна да се шушка дека енифер можеби размислува за смирување со пејачот.
Инаку двојката ги има 8-годишните близнаци Макс и Eма.