Како што пренесуваат српските медиуми, познатата брачна двојка Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ – Раста останале покуси за околу 400.000 евра.
Нивниот близок соработник, кој со години го менаџирал американскиот огранок на продукциската куќа на популарниот рапер, без нивно знаење од сметката извлекол 400.000 евра.
Соработникот бил задолжен за сите настапи надвор од државата на Ана и Раста, а имал и овластување да менаџира со сметката на продукцијата на Раста, на која имало пари не само од настапите и од продадените албуми, туку и од прегледите на Јутјуб.
“Раста дури пред два месеци откри дека е измамен. Имаше огромна доверба во соработникот и неговата сопруга, дури и го овласти да управува со неговата сметка. Кога дознаа дека се ограбени, и Ана и раста полудеа. Не ни сонуваа дека ќе бидат измамени од толку близок човек. Со оглед на тоа дека имал овластување, соработникот со денови повлекувал пари од сметката.
Раста не водел контрола над таа сметка се додека не решил да повлече сума која ќе ја вложи во нови албуми за себе и за Ана.” – изјавил за српскиот Курир близок пријател на ограбените.
Раста ги потврдил гласините за немилиот настан и најавил кривична тужба.