Разочарани туристи: За ручек на Миконос платил 830 евра (ФОТО)

Еден американски војник од ЊуЈорк и негови 5 пријатели, останале зачудени кога ја добиле сметката за ручек за време на одморот на грчкиот остров Миконос.

За шест порции лигњи, наплатено им скоро 600 евра, а за шест локални пива 150 евра. Три цезар салати 60 евра, две шишиња вода 17,80 евра, а чаша сок од домат 18 евра.

За да ги опоменат другите посетители, тие фискалната сметка ја објавија на социјалните мрежи, со предупредување да не влегуваат во ресторанот „ДК Ојстер“, бидејќи наводно тоа било замка за туристите.

38-годишниот војник Франциско Таједа тврди дека келнерите одбиле да им донесат мени.

-Да платиш 830 евра за лигњи на плажа и шест пива е тешка измама, а персоналот одби да ни донесе мени, тврди разочараниот урист.

Менаџментот на ресторанот ги потврдил цените, и потенцирал дека со луксузно опкружување следуваат и високи цени. Препорачуваат сите туристи најпрво да прашаат за цените и да не нарачуваат доколку не можат да си дозволат.