Развод вреден 140 милиони: Се разделуваат Дени де Вито и Реа Перлман

Четири години по нивниот последен прекин, Дени де Вито и Реа Перлман, одлучиле да се разделат, но овојпат засекогаш.

Двојаката која е во брак 34 години, води одвоени животи и се расправа за разводот вреден 140 милиони долари.

Причина за крајот на бракот е склоноста на Дени кон вонбрачни излети, па така неодамна е снимен со русокосата убавица Сандра Селинг, директорка на Меѓународниот фестивал на шпански филм.

дени де вито и реа

„Дени и Реа веќе извесно време водат одвоени животи, а се чини дека така и ќе остане. Причината поради кои не ја спровеле одлуката за тоа е затоа што не сакаат да ги вознемират своите три веќе возрасни деца“, рекол извор близок до парот.

Минатата година веќе го продале раскошниот имот на Беверли Хилс за 28 милиони долари, а наредна на ред е нивната куќа во Малибу.

Дени и Реа се венчале во 1982 година, а првите сериозни проблеми ги имале во 2012 година кога актерот наводно имал афера со колешката со којашто тогаш работел на претстава.

дени де вито и реа