Состојки:
2 кг свински ребра
6 чешниња лук
свеж ѓумбир, излупен и сечкан
дробени суви лути пиперчиња (по вкус)
6 ѕвездички анасон
6 лажички мед
150 мл соја сос
2 – 3 лажици оцет
200 мл бело вино
6 млади кромидчиња
400 мл вода во која претходно ќе растворите зеленчукова коцка
маслиново масло
морска сол и бибер по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Зачинете ги ребрата со сол и бибер. На среден оган загрејте малку маслиново масло во тава за печење, додадете ги зачинетите ребра и потоа пржете ги 5 – 10 минути или додека не добијат златна боја од сите страни.
Додадете лук, ѓумбир, дробени лути пиперчиња, анасон и мед, и продолжете со пржење се додека медот не почне да се карамелизира. Додадете соја сос, оцет и бело вино, и гответе додека не почне сосот да врие. Оставете да се крчка неколку минути, пробувајќи и прилагодувајќи го вкусот. Потоа додадете го младото кромидче и оставете го сосот да проврие.
Тавата ставете ја во загреана рерна и печете ги ребрата околу 1 час, се додека не стават меки, при тоа вртејќи ги на половина од печењето.
По еден час извадете ја тавата од рерна и повторно ставете ја плочата. Загрејте ја маринадата и оставете да се крчка на плочата од 8 – 10 минути, со цел да добие текстура на леплив сируп. Превртете ги ребрата во сосот, така што целите ќе бидат покриени со него.
Компири:
Потребни ви се околу 1кг млади компири, кои ќе ги исечете на половина. Направете мали жлебови во средината и во нив ставете путер и еден лист жалфија. Печете ги во загреана рерна се додека не бидат готови.