Рецепет од бабата: Леб со тиквички

Состојки:

250 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка зачин
1 помала тиквичка
3 јајца
неколку сечкани маслинки
75 мл масло
75 мл млеко
50 гр сирење
бибер
магдонос, рузмарин, мајчина душица, босилок и други свежи зачини по желба

Подготовка:

Тиквичката се лупи и се ренда ситно, се посолува и се остава 1-2 часа во цедалка, да се исцеди добро.
Се меша брашното со сол и прашок за пециво. Јајцата се матат со вилушка, се додаваат млекото и маслото и се мешаат со брашното. На таа смеса се додава изгмеченото сирење и сечканите маслинки. Тиквичката добро се цеди и се додава во смесата. Се додаваат бибер и сечкани зачини по желба. Смесата добро се меша и се става во долгнавест плех (за леб), обложен со хартија за печење.
Така сипаната смеса се израмнува и се попрскува со масло . Се пече во претходно загреана рерна на 200°С, околу 40 минути. Со чачкалица се проверува дали лебот е печен.
Печениот леб се остава малку да се излади, а потоа се вади од калапот и да се излади до крај.

Добар апетит!