Рецепт за планински качамак

Состојки:

250 г пченкарно брашно,
1/2 кг овчо сирење
буковец или сува везена пиперка.

Подготовка:

Иситнетото сирење се става во тенџере и полека се загрева со мешање.

Потоа, постепено се додава брашното и се меша на тивок оган се’ додека масата не почне да пушта маснотија и да се одвојува од ѕидовите на садот.

По потреба се додава уште малку вода, буковец (или истолчена везена пиперка) и веднаш се служи.