На снимањето на „Невозможна мисија 6“, Том Круз доживеа несреќа скокајќи од една на друга зграда.
Скокот не беше успешен па актерот заврши со две скршеници, поточно скршен зглоб на две места, поради кој ќе мора со месеци да одмара.
Прогнозата на докторите сега засега е два месеци, па Том круз побарал од продуцентите да се одложи снимањето на филмот.
55-годишниот актер бил пренесен во Америка каде веднаш започнал со третмани за рехабилитација.