Северина е вистинска рекордерка помеѓу славните ѕвезди по бројот на свршувачките кои ги имаше пред да го каже судбоносното „ДА“ на Игор Којиќ.
Првиот свршеник и беше Ален Марин, пејачот на групата „Којоти“ со кој се забавуваше во 1998 година.
По раскинувањето со него беше во врска со Среќко Варгек, кој и беше втор свршеник и беа заедно до скандалот со филмот на јахтата на Милан Лучиќ.
Потоа во 2005 година се вери со Матеа Чуљак, економист, со кој беше три години.
Прстенот на Славко Шајиновиќ со кој беше девет месеци во врска, Северина го симна кога го запозна Милан Поповиќ.
Таа тврдеше дека се свршени, но Милан, со кого го има синот Александар, тоа го демантираше.
Северина мирот го најде покрај Игор Којиќ, со кој се венча во ноември лани.