Ако и вас ве збунуваше оваа „дупка“ во заплетот, сега го добивме решението.
Сите го паметиме филмот „Сам дома“, со кој Меколи Калкин се прослави како досетливото детенце Кевин кој успева да се избори со крадците откако случајно останува сам дома.
Додека Кевин празниците ги поминува сам дома, неговото семејство кое замина во Париз се обидува да стапи во контакт со него, но не успева затоа што дрво го кине телефонскиот кабел поради невреме и телефонските врски се во прекин.
Меѓутоа, Кевин успева да нарача пица преку телефон и подоцна да го заплаши момчето кое разнесува пица.
Оваа „дупка“ во заплетот ги мачеше фановите на филмот со години, а сега е објаснето како било можно Кевин да не можат да го добијат родителите, но тој може да се јавува на телефон и да нарачува пица.
Хафингтон пост го постави ова „важно“ прашање на потпретседателот на федеративната регулатива на компанијата „AT&T“, Хенк Халтквист.
„Дрвото кое ги скина каблите може сериозно да влијае на можноста луѓето кои се јавуваат од странство да добијат локален број во Америка, но воопшто не е исклучено линиите да работат за локалните повици со исти почетни броеви“, објаснил тој.
Значи, можно било мама и тато да не можат да го добијат Кевин, но тој да може да нарача пица.