По девет години Кортни Кардашијан и Скот Дисик конечно решија да расчистат и секој да си продолжи по својот пат.
Но, последните информации тврдат дека Кортни и Скот најверојатно ќе направат уште еден обид да се смират, со оглед на тоа дека парот има три деца Мејсон, Пенелопи и Рејн.
Семејството отиде на заедничко патување во Мексико, а сведоците велат дека Кортни и Скот биле невообичаено блиски и среќни.
Други извори велат дека целото патување било план токму на Скот, со цел повторно да ја придобие мајката на своите деца.