Џеј Зи е познат по својот груб начин на изразување преку песните, во јавност секогаш е сериозен, па ретко го гледаме во вакво издание.
Раперот кој е татко на три деца, беше забележан како во своите прегратки ја носи ќерката Блу Ајви.
47-годишниот Џеј Зи, беше забележан на приватен аеродром откако уживаше на јахта со своето семејство.
На овој мини-одмор за прв пат беа забележани и близнаците Сер и Руми.