Ретко ја гледаме вака: Анџелина Џоли јаде во јавност

Анџелина Џоли во јавноста со денови ја гледаме во гламурозни изданија на премиерата на нејзиниот нов филм, но папараците успеаа да ја фатат во опуштено издание.

Актерката беше забележана како јаде перек низ улиците на Њујорк.

Анџелина Џоли низ „големото јаболко“ прошета во опуштен изглед, а од глава до пети беше облечена во крем боја, што е чудно за актерката.

Јавноста се навика да ја гледа постојано во црна боја, но и вака изгледа фантастично.