Со ретро фотка Дејвид Бекам и ја честиташе годишнината од брак на Викторија

Викторија и Дејвид Бекам денеска ја прославува 18-годишнината од нивниот брак.

Двојката во 1999 година одлучи да стапи во заедница, а во нивното семејство се вбројуваат и синовите Бруклин, Круз, Ромео и ќерката Харпер.

По овој повод фудбалерот преку социјалните мрежи и ја честиташе годишнината на својата сопруга Викторија.

„Неверојатна мајка, човек и бизнис жена“, стои во описот на фотографијата.