Со ретро фотка Тијана Дапчевиќ му го честиташе роденденот на сопругот

Тијана Дапчевиќ преку социјалните мрежи му го честита роденденот на сопругот Милан.

Таа на Инстаграм објави ретро фотографија на која со Милан одмараат на Копаоник, а под која напиша емотивна порака.

Среќен ти роденден љубов моја најголема, да си здрав, среќен и спокоен, и да ти се исполнат сите желби, те сакам“.

Тијана со години е во брак со Милан со кого го има синот Вук.