Рецепт на Џејми Оливер – Крцкави печени компири со рузмарин

Состав:

Компири со средна големина
Путер
Крупна морска сол
Маслиново масло
1 лажичка оцет
Рузмарин
Бибер
Лук

Подготовка:

Излупете ги компирите и варете ги околу 10 минути во солена вода.

Додека компирот се вари, загрејте ја рерната на 250 степени. Неколку минути пред да го тргнете компирот од оган, во рерната ставете сад за печење со путер.

Половично сварените компири исцедете ги и веднаш ставете ги во садот за печење со стопениот путер. Печете ги 30-40 минути, додека не поруменат.

Исецкајте го рузмаринот и потопете го во маслиново масло. Додадете малку бибер, оцет и лук.

Зарумениот компир извадете го од рерната и секој по малку згмечете го. Ова најдобро ќе го направите со стандардната алатка за подготовка на пире.

Секој компир премачкајте го со мешавината од зачини и маслиново масло.

Попрскајте крупна морска сол и на секој компир додадете по малку путер.

Печете уште 15 минути.

компири