Рецепт за домашна боза – вкусна и освежителна

Ако сакате да пробате вкусна боза, направете си ја дома.

Во голем лонец ставете 1 кг пченкарно брашно со 10 литри млака вода.
Оставете го лонецот да преноќи.
Следниот ден ставете го на тивок оган да се готви околу 2 часа. За време на готвењето потребно е почесто да се меша смесата со дрвена лажица.
Настрана во еден филџан издробете 50 г.квасец во млака вода и оставете го да стаса. Кога квасецот ќе се удвои додајте го и него во лонецот па убаво промешајте.
Смесата процедете ја низ газа и по желба засладете. Кога бозата ќе излади, преточете ја во чисти шишиња кои ќе ги чувате на ладно.
Ако оваа количина ви е голема, тогаш состојките сразмерно намалете ги зошто бозата треба да се испие во следните неколку дена.

Боза