Фактот дека живееме во екстремно стресна околина со секој изминат ден е поочигледен.
Без оглед на тоа, стресот не е ништо ново – тој со нас е од дамнешни времиња.
Ви подготвивме неколку интересни предлози за тоа како да се ослободите од овој напорен „сопатник“.
Но, она што е интересно е дека познат шкотски поет од 19-от век, Роберт Луис Стевенсон, ги составил овие совети пред повеќе од 100 години.
1. Одлучи да бидеш среќна
– Научи да најдеш задоволство и во едноставните работи.
2. Извлечи го најдоброто од дадените околности
– Никој нема се и секој има по некоја тага.
3. Не се сфаќај себе си пресериозно
– Тоа може дополнително да те оптерети.
4. Не ги сфаќај критиките сериозно
– Не можеш секој да задоволиш.
5. Не дозволувај соседите да ти ги одредуваат стандардите – биди своја
– Комшилукот може да биде помалку чуден. Зависи како ти се паднало…
6. Занимавај се со работите во кои уживаш, но не биди во долгови
– Умереноста и рационалноста се многу важни.
7. Не позајмувај проблеми
– Измислените работи тешко се поднесуват отколку вистинските.
8. Не негувај непријателства и замерки
– Мразењето ја труе душата. Избегнувај луѓе кои те прават несреќни.
9. Негувај интереси или хоби
– Ако не можеш да патуваш, читај книги за патувања.
10. Не губи време размислувајќи за жалби и грешки
– Тоа не води никаде.
11. Не биди злопамтило
– … или оној кој никогаш не може да заборави или прости.
12. Секогаш најди нешто да работиш
– Бидете активни во нешто. Ангажирана личност нема време да биде несреќна.