Алберт Ајнштајн рекол: Ако имам еден час за да решам некој проблем, 55 минути ќе потрошам на размислување, а 5 за да го решам.
И бил во право.
Наместо очајни обиди за решавање на проблемот, подобро е убаво да се размисли и да се разбере проблемот. Всушност, ако го разберете проблемот, многу полесно ќе го решите.
Дали сте забележале дека секогаш е подобро некому да дадете совет, отколку на самите себе?
Затоа, замислете дека тоа не е ваш проблем туку на некој друг и советувајте се што ќе направите.
Исто така, ако е можно, проблемот поделете го на помали делови и за секој размислете посебно. Размислете за последиците од секој чекор и видете дали тоа е добра одлука.
Важно е и како си го замислувате проблемот, односно кои зборови ги користите. Да речеме сакате да се откажете од пушење цигари затоа што ви претставуваат проблем, па наместо да повторувате „престани да пушиш“, подобро повторувајте „ќе си го продолжам животот“, „ќе бидам здрав“, „ќе имам повеќе енергија“.
Со ваквиот начин на размислување побрзо ќе стигнете до целта, „пишува Bright Side“.
Корисен трик е и формулирање на проблемот како прашања, бидејќи мозокот едноставно сака загатки и автоматски бара одговор, дури и кога за тоа не сме свесни. така да, добра мотивација е и наградувањето.
На пример, проблем ви се вишокот на килограми и сакате да ослабете.
Тогаш размислувајте вака – цела недела ќе внимавам на калориите, но во недела ќе се почестам со нешто вкусно. Килограмите ќе се намалуваат без оглед на еден „грешен“ ден, а вие ќе се чувствувате мотивирани.