Забраната за влез во САД на државјани од седум муслимански земји која ја донесе новиот американски претседател Доналд Трамп ќе го спречи иранскиот режисер Ашгар Фархади да присуствува на церемонијата на доделување оскари, иако неговиот филм е номиниран за оваа награда.
Иран е на листата земји на чии граѓани им е забранет влез, додека Филмот на Фархади „The Salesman“ е номиниран за оскар во категоријата најдобар странски филм.
Главната актерка во филмот, Таранех Алидости, на Твитер објави дека ќе ја бојкотира церемонијата на американската филмска академија во знак на протест на предложената забрана за визи на бегалци на Трамп.
Trump's visa ban for Iranians is racist. Whether this will include a cultural event or not,I won't attend the #AcademyAwards 2017 in protest pic.twitter.com/CW3EF6mupo
— Taraneh Alidoosti (@t_alidoosti) January 26, 2017