Режисерот Ридли Скот не се откажува од култните филмски проекти, а сега размислува за продолжение на „Гладијатор“.
На конференција одржана минатиот викенд Ридли Скот посочил дека знае како да го врати главниот лик Максимус, кој умира на крајот од филмот од 2000 година.
Филмот беше добитник на Оскар, а во него заблескаа Расел Кроу и Хоакин Феникс.
„Знам како да го вратам. Разговарав веќе за тоа со луѓе од студиото и рекоа „па тој е мртов“. Сепак, постои начин да го вратам. Не знам дали проектот ќе се оствари, „Гладијатор“ е од 2000 година, па и Расел се сменил. Моментално е зафатен, но се обидувам да го донесам овде“, изјавил 79-годишниот Ридли Скот.