По синоќешниот терористички напад во Ница, светот е завиен во црно поради 84-те жртви И 100 се тешко или лесно повредени луѓе.
Помеѓу оние кои за малку ќе настрадале била и светски познатата Ријана која моментално е на својата светска турнеја „Анти“.
Нејзиниот настап беше закажан за петокот вечерта. Но, после нападот, концертот е откажан, а градоначалникот на Ница потврди дека покрај нејзиниот концерт, откажан е и џес фестивалот.
Портпаролот на пејачката потврди дека Ријана е „на сигурно“.