Поради безбедносни причини и тепачка на фестивалот V во гратчето Челмофорд, Есекс светските музички ѕвезди биле евакуирани со хеликоптер.
Настанот се случил вчеравечер, кога Ријана и Џеј Зи гостувале на музички фестивал, без да го најават своето присуство. Но, на настапот на Џеј Зи почнала тепачка во публиката, па дури летале и маси и столови во барот зад сцената.
Ријана тајно дошла на фестивалот за да го види настапот на раперот Џеј Зи.
Тоа создало уште поголем метеж во публиката, која не можела да се воздржи од моментот кога била забележана како стои зад сцената.
Дел од нејзините обожаватели по ненадејниот инцидент изразија разочарување зошто и Ријана не настапила на сцената.