Еден ден пред папата Францис да ја прогласи Мајка Тереза за светица, во базиликата Свети Павле се одржа концертот „Химна за Мајка Тереза“.
За време на свеченоста во чест на животот и делото на Мајка Тереза, настапи и пејачката Рита Ора.
Заедно со Косовската филхармонија, Рита ја изведе „What Child Is This?“ и ги воодушеви присутните.
Пејачката на Инстаграм сподели фотографии со кои се заблагодари на честа да настапува на овој историски настан.