Холивудскиот актер Роберт де Ниро, во емисијата „Лајф“ на Џими Кимел изјавил дека сега нема да може да го исполни своето ветување и да го удри Доналд Трамп, бидејќи е претседател.
Имено, пред неколку месеци Де Ниро јавно изјави дека Трамп е национална пропаст, срам за земјата, идиот и дека би сакал да го удри.
„Дали и понатаму имаш намера да го удриш Доналд Трамп? Бидејќи ако имаш таква намера, би можел да завршиш во затвор“, прашал Кимел, за Де Ниро да му одговори: „Нема тоа сега да го направам, бидејќи е претседател и морам да ја почитувам неговата позиција. Едноставно морам да видам што ќе направи и дали ќе исполни одредени работи за коишто зборуваше“, одговорил Де Ниро.