Продолжува со лудориите: Роби Вилијамс имаше мала незгода

Британскиот пејач Роби Вилијамс секогаш е подготвен на разни лудории, а поради една од нив настрадала неговата уста.

„Имаше борба со компјутерот во која компјутерот ја доби битката“, духовито напишала неговата сопруга Ајда покрај фотографијата на која се гледа повредата на лицето на пејачот.

Обожавателите ги интересирало што и како тоа точно му се случило на Роби, а таа тоа им го опишала во свој стил.

„Скокна на креветот како некој сајбер јунак со лаптопот во рацете и удри со усната во неговиот раб. Имам толку многу работа околу Роби и мама Гвен. Децата ми се како развигорче во однос на нив“, напишала Ајда.