Популарниот британски музичар Роби Вилијамс со својот нов албум „The Heavy Entertainment Show“ се искачи на првата позиција на официјалните британски музички топ-листи, со тоа постави нов рекорд за било кој британски изведувач.
11 студиски албум на Роби Вилијамс „The Heavy Entertainment Show“ достигна 67.000 комбинирани продажби и со тоа стигна до врвот на британската топ листа „Official Albums Chart“.
Вилијамс дури успеа да го помине и Дејвид Боуви како британски изведувач со најмногу нумери кои ја забележале првата позиција на таа официјална топ-листа, а се изедначи со Мадона која исто така има 10 најпопуларни албуми во САД.
Поуспешен од Роби Вилијамс и Мадона е само Елвис Присли, со 13 албуми кои успеале да се искачат на првата позиција.