Орландо Блум го прослави својот 40-ти роденден, а благодарение на неговата девојка Кејти Пери си доби и изненадување.
Пејачката на Инстаграм објави стори на кое се гледа како актерот ги дува свеќите од неговата торта.
На роденденот најголемо изненадување била неговата мајка, која пристигнала во Палм Спрингс, а Орландо објави заедничка фотографија на Инстаграм.
Пејачката организираше забава во Калифорнија на која присуствуваа сите пријатели на актерот, помеѓу кои беа и Џенифер Анистон и Џастин Теро.