Актеррката Дакота Џонсон добила ветување од родителите никогаш да не го гледаат нејзиното учество во филмовите “Педесет нијанси на сиво” и “Педесет нијанси потемно”.
Причината се еротските сцени кои таа не би сакала нејзиното семејство да ги види.
Ќерка на Мелани Грифит и Дон Џонсон, признава дека овие сцени не се за родителите и е многу благодарна дека тие се согласиле да не ги гледаат филмовите.
“Знам дека е тешко, но јас ги натерав да ветат и тие го почитуваат тоа”, изјави Дакота.