Принцот Хари ја однел својата девојка Меган маркл на романтично патување во студената Норвешка.
Актерката и принцот одлучиле одморот да го поминат далеку од очите на јавноста, во една мала колиба во близина на езерото каде што ќе можат да ги гледаат прекрасните норвешки заоѓања на сонцето.
Принцот и актерката се во врска од минатата година, а пред неколку дена го запознал и нејзиниот татко.
„Хари сакаше овој одмор да биде нешто што Меган нема никогаш да го заборави“, рекол извор.
На Хари, како што се наведува, во изборот на местото на одморот му помогнала една пријателка од Норвешка.