Романтично патување: Каролина Гочева во Париз со момчето

Каролина Гочева заедно со момчето Михаил Корубин месеци наназад ја истражува Европа, а нивната нова дестинација е Париз.

Во романтичниот град двојката ужива во неговата историјата, но и уметноста на француската метропола.

Со оглед на тоа дека Михаил е уметник, не е ниту чудно што први на нивната листа за посета беа неколку музеи во Париз.

Во еден од нив Михаил направи прекрасна фотографија од својата сакана која за кусо време доби над 2.000 лајкови и собра низа пофални коментари од типот:

„Најубавата фотографија што некогаш сум ја видел“, „Чудо од фотка“, „Ти симнувам капа“ итн.

Почувствувајте дел од магичната атмосфера!