Кристијано Роналдо заедно со новата девојка, Георгина Родригез присуствуваше на церемонијата на доделувањето за фудбалер на годината на FIFA.
Тоа беше првата официјална, јавна појава на двојката со која очигледно Португалецот сакаше да покаже дека намерите кон шармантната бринета се сериозни.
Напаѓачот на “Реал Мадрид” го прибра престижниот трофеј по втор пат на настанот кој се одржа во Цирих.
Водителка на церемонијата беше холивудската ѕвезда Ева Лонгорија, која исто така се појави во полн сјај.
Во друштво на Роналдо и Георгина беше и синот на фудбалерот, Кристијано Џуниор.