Ротирачки домови: Зграда во која сите станари имаат добар поглед (видео)

Тајванскиот индустриски дизајнер Шин Куо осмислил футиристичка зграда во која сите станари живеат на првиот, но и на последниот спрат.

Се работи за ротирачка градба во рамките на која становите ќе може да си ги менуваат местата.

Секој спрат по потреба ќе може да се „лизга“ и да се искачи на 27-от спрат.

Тоа значи дека исто семејство во еден момент ќе може да живее на последниот спрат, а следниот нивните соседи ќе имат подобар поглед од нив.

Кога станот ќе се „симне“ на приземје, со помош на дигалка повторно ќе може да се подигне до највисокото ниво, а потоа процесот се повторува.

 

Пред секое движење, влезната врата автоматски ќе се заклучува, а дотокот на водата и стујата ќе се прекинува, а по застанувањето се би продолжило да функционира.

Шин Куо вели дека ротирачката зграда претставува крај на ерата во која само најбогатите купувачи на недвижниви имале добар поглед однивните прозорци.