Ниту еднo филмскo сличување не може да помине без номинација на Мерил Стрип, па така ниту овогодинашното доделување на Златен глобус коешто ќе се одржи на 8 јануари во Лос Анџелес.
Пред 74-тото по ред доделување на наградите Златен глобус, синоќа беа објавени номинациите, а Мерил го сруши не само сопствениот, туку и рекордот на филмската индустрија.
Имено, за улогата во биографската комедија „Флоренс Фостер Џенкинс“, во категорија на главна улога во комедија/мјузикл, актерката е номинирана по 30-ти пат за ова престижно признание.