Последниот дел од филмот “Брзи и бесни” освои речиси 100 милиони долари во првиот викенд во кината, со што постигна нов светски рекорд за деби.
Осмиот дел на филмот за автомобили со учество на Вин Дизел, Двејн Џонсон-Карпата, Мишел Родригез и Џејсон Стејтам заработи 98,8 милиони долари, покажуваат податоците на аналитичката компанија Exhibitor relations.
Ова е значителен пад во споредба со деби викендот на претходниот филм, кој доби 147,2 милиони долари во 2015 година, но сепак силното претставување во Северна Америка значи дека лентата го руши светскиот рекорд на претходниот првак “Војна на ѕвездите: Силата се буди “кој за прв викенд освои 529 милиони долари.
.