Руши рекорди: Трејлерот за „Убавицата и Ѕверот“ најгледан досега (видео)

Целиот свет со нетрпение ја очекува премиерата на „Убавицата и ѕверот“, а тоа го покажува и фактот дека трејлерот за новиот филм на Дизни го сруши рекордот на гледаност.

Во првите 24 часа по објавувањето, видеото беше прегледувано над 127 милиони пати, што го прави најгледаниот трејлер во историјата.

Убавицата и Ѕверот

Главната женска улога во филмот ѝ припадна на Ема Вотсон, која ќе ја глуми Бела.

Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, додека арогантниот Гастон ќе биде оживеан на филмското платно од Лук Еванс.