Русин го продал својот мачор за 78.000 евра: Тврди дека имал натпиродни моќи

Русинот Дмитриј успеал да го продаде својот мачор Чарлс Уткинс за 78 илјади евра, тврдејќи дека има натприродна моќ. Тој успеал да го продаде мачорот во Новосибирск на една жена гатачка.

Тој мачорот го наследил од тетка си, откако таа починала.

„Мачорот ме тераше да правам работи кои не ги сакав. Знаев да се разбудам во пет наутро го огромна желба за риба или за колбаси, храна која не ја јадам. Таков, во полусон одев во продавница, а кога ќе се вратев се што ќе купев нему му го сервирав“, објаснува Дмитриј.