Руската инфлуенсерка, 23-годишната Вероника Рочева, предизвикала бес ширум светот со објавување на провокативни фотографии во долна облека кои, како што пишува на нејзиниот профил на Инстаграм, настанале на местото на најголемата нуклеарна несреќа во историјата.
По бурните реакции, негативни коментари и осуди од целиот свет, Вероника конечно се огласила за спорните фотографии, но со оправданието кое го понудила нема да може да ја тргне дамката од своето име.
Имено, Вероника тврди дека воопшто не се фотографирала во Чернобил, туку 4.000 километри подалеку, на Сибир, како и дека не знае зошто под фотографиите се појавил гео-тагот Припјат.
Фотографиите кои кренале прашина биле објавени на 6-ти и 13-ти јуни.
На првите две Вероника позира во проѕирно заштитно одело, кое е раскопчано, а во прв план е нејзиниот задник и долната облека. Младата инфлуенсерка очигледно била задоволна од вниманието кое го добила, па неколку дена подоцна објавила уште две фотографии на кои го носи истото заштитно одело, но овој пат голите гради ги покрила со раце, додека на лицето носи гас маска.
На првата серија фотографии Вероника го поставила Припјат како гео-таг, сакајќи да покаже дека се наоѓа во градот кој доживеал катастрофа во 1986-та година и бил експресно напуштен поради високиот степен на радијација.
Коментарите како “Ти си болна”, “Веројатно не си доволно паметна да сфатиш дека тоа што го правиш е непочитување”, “Тука умреле деца, идиоту”, “Можеш следната фотографија да ја направиш на гробишта. Со отворен ковчег и свеж леш”, па дури и “Да, зрачењето е секси. Се радуваме на твојата дијагноза за рак”, ја натерале Вероника да зажали поради објавените фотографии и јавно да се извини.
“Не знам зошто го ставивме тој таг. Сите фотографии се направени во напуштено место во Новосибирск”, рекла Рочева за “Life.ru”.