Роматичниот рузмарин е уште еден во низата лековити бисери, кој старите Грци и го посветиле на божицата Афродита, унгарската кралица Ержебет го употребувала за подмладување, а кај нас е незаменлив детал на свадбите.
Уште одамна се верува дека неговите иглички ја смируваат болката, па старите народи го ставале на раните.
Успешно помага и за слабокрвност особено кај деца, го подобрува апетитот и расположението, ја подобрува работата на желудникот, ја смирува нервозата, го намалува стравот и исто така ги смирува минструалните болки и го регулира нередовниот месечен циклус.
Чај и облоги од рузмарин ја намалуваат главоболката која се јавува поради стрес.
Оваа билка позитивно делува и на концентрацијата и работата на мозокот, значајно го смалува ризикот од мозочен удар и Алцхајмерова болест.
Докажано ја подобрува меморијата па поради тоа ја нарекуваат „билка на помнењето“. Има силно антибактериско и антиспазматично дејство, па ги опушта мускулите и го заштитува организмот од бактерии.
Се користи и како зачин во исхраната, а поради пријатниот мирис и лековитите состојки и во козметиката. Од рузмарин се прават раствори, масла и мелеми.
За чај најдобро е да се користат свежи гранчиња со цветови или без нив. Врзете ги во снопчиња, исушете ги на темно и ветровито место.
Маслото од овие билки го отстранува заморот, ја намалува напнатоста од ненадеен стрес и помага за инфекција на очи.