Фамозната „Саграда Фамилиа“, симболот на Барселона се гради 136 години но за неа градските власти уште немаат издадено градежна дозвола и не е запишана во катастарот.
Заштитниот знак на Барселона требало да добие дозвола од каталонските власти во 2016 , но ништо од тоа .
За изградбата на огромната црква постои само дозвола што датира од 1882 , издадена од Градската куќа на Сент Марти де Провансалс и во неа се наведува дека архитектот е должен да извади градежна дозвола пред да продолжи со градбата, но тоа не го направил.
Сега градските власти се соочуваат со преголеми димензии на црквата , како на пример височината од 172,5 метри што ја прави највисока зграда во Барселона. Архитектите ќе треба допрва да утврдат на кој начин да ја внесат градбата во 21 век и во катастарските книги.
До сега се изградени 70 проценти од базиликата а одговроните за нејзината изградба планираат во 2026 да ја завршат градбата на објектот.