Вдовицата на покојниот Екрем Јевриќ, одлучи по смртта на својот сопруг и таа да стане ѕвезда.
Следејќи го примерот на Екрем, Игбала ќе влезе во реалното шоу „Парови“.
„Многумина кои ја познават велат дека ќе биде многу интересна и посебна. Таа сака на тој начин да го сочува споменот за Екрем и да продолжи каде што тој застанал“, вели извор близок до Игбала.
Вдовицата во Њујорк веќе снимила своја песна која на You Tube ќе биде објавена за помалку од еден месец.