За Кјара многумина ќе кажат дека е вистинска природна убавица, но таа сепак не била задоволна од својот изглед.
Младата девојка отсекогаш сакала полни усни како на Анџелина Џоли.
Поради тоа Кјара се одлучила за вградување силикон, но резултатот бил хорор.
Иако минувале денови и месеци нејзините усни не спласнале, тие останале деформирани, а средината на горната усна и останала тенка како и пред операцијата.
Кјара цели 10 години не можела убаво да ја затвори устата, па очајна и во солзи со помош на мајка си едвај собрала пари да го извади силиконот.
По овие 10 хорор години таа никому не ја препорачува пластичната хирургија.