Сакаше да покаже одличен туторијал за фризура – остана без коса (видео)

Блогерката Британи Мирабил сакала да направи интересен туторијал за фризура која го објавила на својот канал на YouTube.

Девојката имала намера со помош на пегла за коса да покаже како да направите „прекрасни секси брановидни прамени“, меѓутоа, не и одело се по планот.

Добро ја загреала пеглата, почнала да ја витка косата, меѓутоа истиот момент останала без цел прамен.

А потоа настанала вистинската драма.

Додека некои во коментари ја советувале да се опушти и дека тоа „сепак е само коса која повторно ќе порасне“, други ја обвиниле дека ја наместила целата ситуација за да има поголем број на прегледи.

Во секој случај, добро размислете пред да се впуштите во ваква „акција“ или барем немојте да се снимате.