Сакате да се луксузирате на јахти без пари? Ова е совршената работа за вас!

Веб-сајтот за луксузно купување “HushHush” огласи вистинска работа од соништата – платено патување околу светот и тестирање на луксузни јахти.

Пазарот, познат како “Амазон за милионери” бара личност која ќе ги оценува јахтите пред да бидат огласени на сајтот.

Огласот за таа улога, која се плаќа 1.300 долари неделно, бара од вработениот да живее, јаде и спие на јахтата во рок од една недела, проверувајќи ги нејзините функции, квалитет и подобност за огласување, вклучувајќи ги дури и штекерите, вратите, креветите, тушевите и славините.

Личноста која ќе победи на конкурсот ќе има можност да оцени до 50 јахти годишно, а ќе добие годишен надомест од 65 илјади долари.

Критериумите велат дека кандидатот мора да има барем 21 година, важечки пасош и да биде достапен во текот на годината.

“Лицата кои ќе се пријават, ќе ги оценуваат јахтите и ќе ги споредуваат со ригорозните стандарди кои ги има “HushHush” за да бидат огласени на сајтот”, наведуваат од компанијата.
Ова не е првпат “HushHush” да огласува луксузна улога за “тестер на производи”. Претходно оваа година, тие објавиле оглас за личност која ќе тестира слични производи – стил, удобност, перформанси и погодност за сајтот и да напише детален извештај.
Некои од најскапите работи кои се продаваат на сајтот се француски замок од 80 милиони долари, како и “суперјахта” од 27 милиони долари.