Сакате локните да ви траат подолго? Послушајте ги 3-те совети кои ги нудат ангелите на Викторија

Локните за многу дами се омилена дневна и вечерна фризура.

Косата изгледа бујно, густо, а доколку сакате оваа фризура да ви трае цел ден тогаш потребни ви се овие трикови.

Триковите ви ги откриваат ангелите на „Victoria’s Secret“, кои секогаш имаат совршени локни.

ПОТРЕБНО ВИ Е:

– фигаро

– шноли за коса

– мрежа за коса

ПОСТАПКА:

1. Косата исушете ја и подгответе ја за виткање.

2. Откако праменот ќе го навиткате околу фигарото, истото нежно извадете го, а локната веднаш присцврстете ја со шнола.

3. Постапката повторете ја со остатокот од косата.

4. Откако ќе ја навиткате косата ставете и мрежа, но внимавајте да ја опфатите цела коса.

5. Мрежата држете ја во текот на целата подготовка, а потоа извадете ја.

6. Косата поделете ја на патецот на кој стандардно ја носите, фиксирајте ја со лакот за коса и подготвени сте за излегување.

СОВЕТ:

Mрежата е одлична за нанесување пудра бидејќи ќе ги тргне сите влакна од вашето лице.
Со мрежичката ќе ја заштитите фризурата при облекувањето.