Нов предизвик за сите вљубеници во видео игрите.
Во случаj да сакате да освоите сума од 5.000 долари, тогаш оваа видеоигра е како создадена за вас.
Само треба да ја завршите играта.
Звучи едноставно, но…
Голем број сериозни гејмери привлечени од паричната награда одлучиле да одговорат на предизвикот, но за играта „99Floors“ сѐ уште не е пронајден играч што ќе може да ја заврши.
Се чини дека играта е една од најтешките видео игри.
Играчот ќе мора да помине пат низ 99 нивоа интензивна борба и тежина која на секој кат расте.
„99Floors“ се простира низ девет фази на едноставен изглед и опкружување, исполнети со непријателски хорди што се вистински предизвик и за најискусните играчи.
– Постои причина зошто никој досега не успеал да ги помине сите нивоа на играта. Погледнете некои од видеата на „Јутјуб“ и ќе сфатите дека оваа игра е многу тешка – стои на официјалната страница на играта.
Во овој момент, највисокото ниво до кое некој стигнал е 90, што докажува дека играта може да се помине.